Невенот, или уште познат на латински calendula, е растение со илјада намени, користени уште од нашите баби и прабаби за различни потреби. Некои луѓе го користат екстрактот за смирување на нервниот систем, за спречување на висок крвен притисок, при ангина, при атеросклероза, при проблеми со стомачно-цревниот тракт и др. Невенот е растение, кое цвета преку летото – од јуни до август и стигнува височина до 50 см. Невенот е растение, кое е познато со векови со својот благопријатен ефект, кој го има на кожата.
Какви се својствата на екстрактот од невен?
Примената на екстрактот од невен на кожата ја прави здрава и свежа. За постигнување на тој ефект се користат неговите цветови и листот, во кој се содржат многу корисни материи – органски киселини, етерично масло, сапонини, флавоноиди и др., благодарение на кои влијае на кожните несовршености. Во невенот се содржи каротин. Екстрактот од растението спречува оксидација на клетките, т.е. дејствува антиоксидантно, така што го спречува стареењето на кожата и појавата на брчки, и освен тоа го заздравува и регенерира епидермисот.
Освен тоа пигментите кои се содржат во екстрактот од невен ја штитат кожата од штетните ултравиолетови зраци. Други предности на екстрактот од невен се, дека ја омекнуваат и ја смируваат кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Каде можеме да најдеме производ, кој содржи висококвалитетен екстракт од невен?
Фирмата Борола го предлага производот од козметичката серија ЏинЏира – ЏинЏира Актив, кој содржи висококвалитетен екстракт од невен, камилица, цинк оксид, хидратанти и емолиенти, кои го зголемуваат дејството на екстрактот од невен. Користете ја ЏинЏира Актив 3 пати дневно со рамномерно прскање на кожата за да ја заштитите од иритации, за да го спречите нејзиното стареење и за да остане здрава и убава долго време.