ЏинЏира Актив е природна медицинска козметика во иновативна фармацевтска форма – специјална емулзија во вид на спреј. Содржи цинк оксид, екстракт од камилица и невен, хидратирачки компоненти и висококвалитетни емолиенти.

ЏинЏира Актив е наменета за употреба кај потпарување на бебиња и возрасни со инфекција, кај површински кожни инфекции и воспаленија, воспаление при убод од инсекти и алергија, акутен егзем, за лечење на декубитални и венозни чиреви, акни и розацеа во фаза на воспаление.

ЏинЏира Актив ја смирува, навлажнува, омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата. Дејствува противвоспалително, антимикробно, ја смирува болката и чешањето, а има и регенерирачко дејство.

ЏинЏира Актив се употребува кај деца и возрасни 3 пати дневно. Засегнатиот дел рамномерно се напрскува, по потреба се втрива во кожата. Ако е неопходно се употребува до 6 пати дневно. После 5-7 дена, терапијата се продолжува со ЏинЏира Алба или ЏинЏира Алба Бебе.

ЏинЏира Актив има клинички и научно докажан ефект. Удобен е за употреба. Не валка, не ја суши кожата и не ги запушува порите. Безбеден е при подолга употреба. Хипоалергичен е и не содржи конзерванси, бои, ароматизери и парабени.

Коментари

Leave Comment
avatar