ЏинЏира Алба Бебе е специјално дерматолошко млеко во вид на спреј, наменето за најмалите. Содржи активна состојка цинк оксид. Погоден е за надразнета, воспалена и оштетена кожа.

ЏинЏира Алба Бебе е наменета за употреба при потпарување на бебиња, при изложување на сонце/сончеви изгореници, при лесни површински повреди и изгореници, при чешање, кожна алергија, при убод од инсекти или како природна UV заштита.

ЏинЏира Алба Бебе има противвоспалителен ефект, смирувачки, против чешање и антисебореен ефект. Активната состојка создава заштитен филм, кој ја штити кожата од воспаление и ултравиолетови зраци. Хидратантите и емолиентите кои ги има во составот, ја имитираат природната водено-липидна бариера, така што ја смируваат, навлажнуваат, ја омекнуваат и ја подобруваат еластичноста на кожата.

ЏинЏира Алба Бебе се прска до 6 пати дневно, а ако е потребно се втрива во кожата. При потпарување кожата се третира при секоја смена на пелените.

ЏинЏира Алба Бебе е погодна за нежната бебешка кожа. Се наоѓа во иновативна фармацевтска форма – специјално дерматолошко млеко во вид на спреј. Удобен е за употреба, не валка и не ја суши кожата. Не ги запушува порите. Хипоалергичен е и не содржи конзерванси, бои, ароматизери и парабени. Ефективноста е научно и клинички докажана. Има брзо дејство – веднаш после нанесувањето се чувствува смирувачки и разладувачки ефект. Нема несакани реакции, безбеден е дури и при подолга употреба.

ДжинДжира Алба Бебе е подходящ за нежната бебешка кожа. Притежава високотехнологична форма — емулсия под формата на спрей. Удобен е за приложение, не цапа и не изсушава кожата. ДжинДжира Алба Бебе не съдържа консерванти, оцветители и ароматизатори. Има бързо действие и може да се използва продължително време.

Gingira-Alba-Bebe
Абонирайте се
Уведоми ме за
guest

0 Коментарa
Вградени отзиви
Вижте всички коментари