ЏинЏира Медикасол претставува комбинација од пречистен екстракт од растението Centella Asiatica (10%) и висококвалитетни хидратанти и емолиенти, кои што го стимулираат зараснувањето на раните и отстранувањето на цикатриксите.
ЏинЏира Медикасол е наменета за употреба при лузни, целулит и стрии, после дермоестетски процедури, за зараснување на декубитални и венозни рани.
ЏинЏира Медикасол ги стимулира фибробластите селективно да синтетизираат „добар“ колаген (тип 1). Ја забрзува епителизацијата на раната и образувањето на нови капилари (ангиогенеза). Покажува противвоспалителен и антимикробен ефект. Ги обновува оштетените нервни завршетоци.
ЏинЏира Медикасол се користи 3 пати дневно со лесни масажни движења до впивање.
ЏинЏира Медикасол се наоѓа во иновативна фармацевтска форма специјална емулзија во вид на спреј. Ефективноста е клинички и научно докажана. Дејствува во сите фази на зараснувањето на раните. Удобна е за употреба – не валка, не ја суши кожата и не ги запушува порите. Не содржи конзерванси, бои, ароматизери и парабени, што ја прави хипоалергична. Безбедна е при подолга употреба. Произведенa е во Холандија во согласност со барањата на GMP стандардите. Погодна е за возрасни и деца.