Неповолните ефекти под пелените се должат на прегревање. Телото на бебето одделува пот во обидите да се справи со прекумерното загревање. Бидејќи бебешките потни жлези не се развиени целосно, потта не се одвојува и останува во кожата. Тоа доведува до оштетување на кожата под пелените. За продлабочување на проблемот допринесуваат мокрите и загадени пелени, како и остатоците од сапун и детергенти.
Засегнатата кожа треба да се одржува чиста и сува.
Како да се справиме со неповолните ефекти под пелените?
За ефикасно справување со неповолните ефекти под пелените од особено значење е редовното миење на кожата и промена на пелените.
Употребата на специјалната емулзија во форма на спреј, ЏинЏира Алба Бебе е наменета за најмалите. ЏинЏира Алба Бебе содржи активна состојка цинк оксид.
ЏинЏира Алба Бебе е соодветен производ за деликатната и нежна бебешка кожа, подложна на неповолните услови на околната средина.
ЏинЏира Алба Бебе е наменета за заштита на кожата од влијанието на урината.
ЏинЏира Алба Бебе ја смирува, навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата, благодарение на активната состојка цинк оксид. Хидратантите и емолиентите во составот ја имитираат природната водено-липидна бариера.
ЏинЏира Алба Бебе се прска рамномерно на саканото место од кожата до 6 пати дневно. По потреба може да се втрие. При употреба во зоната под пелените ЏинЏира Алба Бебе се нанесува добро во кожните набори, при секоја промена на пелените. Може да се користи подолго време. Веднаш после нанесувањето се чувствува смирувачко и навлажнувачко дејство. Флаконот ЏинЏира Алба Бебе треба добро да се промеша пред употреба.