Кожата е надворешната обвивка на нашето тело и огледало, како одраз на внатрешната состојба. Многу од нас вложуваат секојдневна грижа за својата кожа, користејќи скапа козметика во форма на кремови, серуми, лосиони и др.
Знаеме ли, дека всушност кожата ја исполнува и улогата на механичка бариера за многу микроорганизми?
Освен тоа, таа не заштитува и од штетните климатски и хемиски фактори.
Преку кожата се остварува комуникацијата меѓу телото и околниот свет – чувството за допир, апсорпција на одредени супстанции, елиминирање на токсини и отпадни материи од метаболизмот. Кожата учествува активно во метаболизмот – служи како енергетска резерва, учествува во процесите на исхрана, и токму таму се синтезира витамин Д.
Клучот за убавата и здрава кожа е токму одржувањето на нејзината заштитна бариера!
Утврдено е, дека здравата кожа е силно отпорна на оштетувања и воспаленија. Кога заштитната бариера на кожата е нарушена, се јавуваат оштетувања, кои што може да доведат до бактериски, вирусни, габични инфекции, алергични реакции, егземи, дерматит, појава на дамки, осип, црвенила и чешање и др.
Кои се основните механизми на заштита на кожата?
Најважниот заштитен механизам на кожата е нејзината кисела средина. Таа се состои од себум (масни киселини) и потни секрети, кои постојано ја покриваат површината на кожата и одржуваат погодно рH.
pH на кожата е хемиски термин, што означува концентрација на водородните јони и се користи за утврдување на степенот на киселост и алкалност во надворешниот слој на кожата. Мерењето на рH се прави по скала од 0 до 14, така што во центарот е 7 (неутрално). Нормалното pH на кожата e кисело, вo рамките на 3,5 – 5, кое што е поврзано со присуството на масни киселини во секретот на потните жлезди.
Мастите во средината ја одбиваат водата од кожата. Така кожата се штити од загуба на вода и оштетување на надворешните слоеви, изградени од цврсти протеини. Како резултат на тоа, кожата е помалку подложна на оштетувања, предизвикани од факторите на околната средина, како сонце и ветар, и помалку подложна на дехидратација.
Надворешниот слој на кожата е изграден од кератин, вид на протеин, кој во кисела средина е многу цврст и ги одржува заштитните протеини силно сврзани. Поалкалното рН ги олабавува кератинските влакна и се образуваат празнини во заштитниот слој. Тоа го олеснува навлегувањето во кожата на алергени, бактерии и вируси. Во случај на зголемување на алкалноста, се влошуваат акните, алергиите и другите кожни проблеми.
Кога кожата е груба и сува или како целина проблематична, тоа ја намалува во голем степен нејзината заштита. При тие состојби може да ги користите специјално развиените производи од серијата GinGira. Секој производ од таа серија, е произведен во иновативна фармацевтска форма – емулзија во вид на спреј, почитувајќи ги основните принципи на фирмата Борола за висок квалитет и безбедност при употреба. Независно дали имате сува и груба кожа на рацете, петите или телото GinGira козметика ќе се погрижи за здравјето на Вашата кожа!