Сувата кожа е проблем, од кој се засегнати голем број луѓе. Чувството е непријатно, често поврзано со чешање, црвенило и чувство на затегнување. При сушење на кожата, таа станува подложна на факторите на животната средина – сонце, студ, ветар и др. и соодветно на воспаление. Нормално здравата кожа е покриена од тенок слој на липиди и масни супстанции кои ја одржуваат нејзината еластичност.
Ви предлагаме 5 основни правила за справување со сувата кожа:
1. Избегнувајте подолго миење и капење со топла вода – специјалистите препорачуваат тушевите да се пократки (околу 10 минути) и задолжително со млака вода (околу 38 степени). Во спротивен случај кожата се суши премногу, поради брзо плакнење на нејзиниот природен себум.
2. Внимавајте со клима уредите – сувиот воздух во затворените простории е една од најчестите причини за сушење на кожата. Тој буквално „ ја извлекува“ влагата од неа.
3. Заменете ги тврдите сапуни со балсами или течни сапуни за раце – во повеќето тврди сапуни се содржат агресивни состојки, кои што дополнително ја сушат кожата. Специјалистите советуваат да се користат помеки детергенти, во форма на балсами или течни сапуни за раце, кои што не содржат конзерванси и ароматизери.
4. Заборавете на перењето на рака – перењето на рака исто треба да остане во минатото. Детергентите дејствуваат штетно на кожата на рацете, бидејќи во нивниот состав се вклучени супстанции, кои силно ја сушат.
5. Користете соодветна козметика, која што ја хидрира вашата кожа – во аптеките и трговската мрежа се продаваат најразлични лосиони, кремови, серуми и др., кои што се наменети за сува кожа. Често, тие се премногу скапи, а и во некои случаи недоволно ефективни. Производите од серијата ЏинЏира се специјално изработени за проблематична кожа и се достапни за секој.
Кај сува кожа, како прв избор специјалистите препорачуваат употреба на ЏинЏира Цинк Пиритион.
Производот е со докажан ефект, така што истовремено ја смирува, навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата.