Површинскиот слој на бебешката кожа не е целосно изграден, за разлика од тој на возрасните. Слојот, кој го заштитува бебето од инвазија на различни надворешни фактори исто така не е конечно формиран.
Поради таа причина кожата на новороденчето е много подложна на надворешни влијанија од различни неповолни услови на надворешната средина.
Една од најделикатните бебешки зони, на која што треба да се обрне специјално внимание при секојдневната грижа е таа во областа на пелените.
Погоден производ, препорачан од специјалисти за секојдневна употреба кај бебињата во таа област е ЏинЏира Алба Бебе.
ЏинЏира Алба Бебе е нова, специјална емулзија во форма на спреј, наменета за најмалите. Содржи активна состојка цинк оксид. Погоден е за деликатна и нежна бебешка кожа, подложна на неповолните услови на околната средина.
ЏинЏира Алба Бебе е наменета за заштита на кожата од влијанието на урината, ултравиолетовите зраци, како и од други неповолни атмосферски услови. Погодна е за сува кожа.
ЏинЏира Алба Бебе ја навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата, благодарение на активната состојка цинк оксид, а хидратантите и емолиентите во составот ја имитираат природната водено-липидна бариера.
ЏинЏира Алба Бебе се прска рамномерно на саканото место од кожата до 6 пати дневно. По потреба може да се втрие. При употреба во зоната под пелените ЏинЏира Алба Бебе се нанесува добро во кожните набори, при секоја промена на пелените. Може да се користи подолго време. Веднаш после употребата се чувствува нејзиното дејство. Флаконот ЏинЏира Алба Бебе се протресува добро пред употреба.
ЏинЏира Алба Бебе е погодна за нежната бебешка кожа. Поседува високотехнолошка форма — емулзија во формата на спреј. Удобен е за употреба, не валка и не ја суши кожата. ЏинЏира Алба Бебе не содржи конзерванси, бои и ароматизери. Има брзо дејство и може да се користи подолго време.