Кожата е најголемиот орган на човечкото тело и претставува околу 20% од неговата тежина. Таа го оформува телото и му дава надворешни облици и особености. Кожата не е само обвивка, туку и учесник во голем број важни процеси и регулации на организмот. Одржувањето на добрата состојба е белег како за надворешната, така и за внатрешната убавина и здравје, бидејќи многу болести и болки оставаат белег и на неа.
Кожата го заштитува организмот од влијанието на сите штетни фактори на средината – сончеви зраци, хемиски, термички, механички, биолошки услови. Преку промена во крвотокот и секрецијата на течности и соли, го адаптира телото кон температурните промени и учествува во одржувањето на водниот баланс. Со посредство на кожата и нејзините нервни завршетоци и структури, организмот комуницира со средината и реагира на допир, притисок и болка. Кожата одговара на тие дразнења со подигање, вцрвенување, сушење, пукање и др.
Кожата е силно еластична, растеглива и мека, покриена со вдлабнатини, нерамнини, набори и испакнатини, особено околу лактите, колената и другите големи зглобови, обезбедува вишок на кожа и слобода на движење на екстремитетите во сите правци. По-”лабавата” кожа во тие делови е тешка за одржување, лесно задржува секрет, и создава услови за развој на микроорганизми.
Производите за кожа нудат различни методи за подобрување и заштита на нејзината состојба. Меѓу нив се издвојуваат производите од серијата ЏинЏира. Тие се достапни во форми погодни и за деца, и за возрасни, и имаат некои одлични предности пред другите козметички серии.
Производите ЏинЏира обезбедуваат активно и докажано дејство на цинк оксид, кој што ја смирува и ја заштитува кожата.
Цинк оксидот е единствениот одобрен производ за безбедна заштита на кожата на бебињата до 6 месечна возраст од штетните ултравиолетови сончеви зраци. Освен тоа, исклучително удобната форма на спреј за користење како и нанесување, го елиминира ризикот од загадување на производот при употреба. Добро избраниот состав на производите ЏинЏира обезбедува лесно миење: тие не содржат ланолин, кој што се мие тешко или хепарин, кој се јавува како алерген, и не ја сушат кожата. Безбедни се при подолга употреба и можат да се нанесуваат по потреба на поголеми површини, за разлика од некои медицински дерматолошки средства, кои треба да се локализираат на мала површина, за минимизирање на нивните несакани ефекти.
Козметичките производи ЏинЏира се впиваат брзо и имаат висока подносливост, со неколку прскања достигаат и до најмалите набори и вдлабнатини на кожата и ја заздравуваат и штитат. Сето тоа ја прави серијата ЏинЏира препорачлива за секоја летна аптека.