Изложувањето на мало дете незаштитено под сончевите зраци е опасно. Кожата на малите, гори многу побрзо отколку таа на возрасен човек. Според специјалистите ризикот од меланом се зголемува, доколку во најрана детска возраст, децата биле изложени на сонце без заштитни мерки.
Како да ја заштитиме чувствителната бебешка или детска кожа од штетното дејство на UV зраците преку летото?
Детето задолжително треба да носи капа со стреа, за да се заштитат лицето и очите на детето од досегот на зраците.
Детето не треба да се изложува на сонце во период меѓу 11:00 и 17:00ч. бидејќи тогаш сончевите зраци се најсилни.
Педијатрите апелираат за нанесување на заштитно козметичко средство на кожата на детето, 15-30 мин пред секое излегување на отворено. Неопходно е средството да содржи цинк оксид. Цинк оксид e најбезопасното средство за заштита од сонцето, одобрено од FDA за примена кај деца под 6 месечна возраст.
ЏинЏира Алба Бебе е нова, специјална емулзија во форма на спреј, наменет за најмалите. Содржи активна состојка цинк оксид. Погоден е за деликатна и нежна бебешка кожа, подложна на неповолните услови на околната средина.
ЏинЏира Алба Бебе е наменета за заштита на кожата од влијанието на ултравиолетовите зраци, како и од други неповолни атмосферски услови. Погодна е за сува кожа.
ЏинЏира Алба Бебе ја смирува, навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата, благодарение на активната состојка цинк оксид, а хидратантите и емолиентите во составот ја имитираат природната водено-липидна бариера.
Флаконот добро се промешува и ЏинЏира Алба Бебе се прска рамномерно на саканото место на кожата до 6 пати дневно. По потреба може да се втрие.