Раѓањето на бебето е еден од најсреќните моменти во животот на жената. После него мајката треба да биде подготвена да води специјални грижи за новиот почеток на малиот човек.
Бебешката кожа е особено чувствителна, поради што бебето може да биде погодено од различни неповолни фактори. За да се запази кожата чиста, мека, мазна и заштитена од влијанието на околната средина, секојдневната грижа за кожата на бебето треба да подлежи на следните неколку правила.
1. Оптималната температура, при која што треба да се бања бебето е околу 37 степени.
2. Бидејќи површинскиот водено-липиден заштитен слој на бебешката кожа не е целосно развиен при користењето на поагресивни сапуни и гелови за туширање, тој може да биде оштетен. Оштетувањето може да го олесни навлегувањето на штетни микроорганизми, кои што ќе ја оштетат нежната кожа. Затоа при бањање, тие средства за туширање треба да се избегнуваат.
3. Особено важна е грижата за бебешката кожа под пелените, бидејќи таа е загрозена од зголемено загревање, како и од штетното влијание на урината. Тоа бара почеста промена на пелените, чистење и сушење на кожата.
4. За заштита на нежната бебешка кожа при секоја промена на пелените е исклучително погодна употребата на ЏинЏира Алба Бебе. ЏинЏира Алба Бебе е нова, специјална емулзија во форма на спреј, наменета за најмалите. Содржи активна состојка цинк оксид. Погодна е за деликатната, нежна бебешка кожа, подложна на неповолните услови на околната средина. ЏинЏира Алба Бебе е погоден производ за заштита на кожата на бебето од влијанието на урината.
ЏинЏира Алба Бебе ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата, благодарение на активната состојка цинк оксид, а хидратантите и емолиентите во нејзиниот состав ја имитираат природната водено-липидна бариера. ЏинЏира Алба Бебе се прска рамномерно на саканото место од кожата до 6 пати дневно. По потреба може да се втрие. При употреба во зоната под пелените ЏинЏира Алба Бебе се нанесува добро во кожните набори, при секоја промена на пелените. ЏинЏира Алба Бебе е удобна за употреба, не валка и не ја суши кожата.
ЏинЏира Алба Бебе не содржи конзерванси, бои и ароматизери. Има брзо дејство и може да се користи подолго време.