Цинк оксид е традиционално дерматолошко средство, одобрено за употрeба во
Европската унија и од Американската Агенција за лекови и храна.
Тој создава заштитен филм, кој ја штити кожата од неблагопријатните надворешни влијанија и ултравиолетовите зраци.
Цинк оксид дејствувава благопријатно на кожата. Има голема покривна способност и способност за апсорбирање.
Влегува во состав на најразлични производи. Се користи како полнител за пудри, се користи во маслени кремови и производи за заштита од сонце.
ZnO како полнител за пудри
За да служи една супстанца како полнител таа треба да биде во прав, за да може да се апсорбира и да лежи на кожата образувајќи фин филм на неа. Имено таков е ZnO. Освен тоа дејствува и како агенс за сушење. Се дозира до 25%.
ZnO и маслени кремови
Маслените кремови се безводни козметички кремови. Тие се: чисти, заштитни, за на плажа и за масажа. Често заштитните маслени кремови содржат до 20% цинк оксид, за да се намали нивната лепливост и да се подобри топлинската спроводливост на маслениот филм. Кога содржината на полнителот во прав е над 30% се добива паста.
ZnO и производи за заштита од сонце
Во производите за заштита од сонце се користи како uv-екран. Uv-екраните се материи, кои не ги пропуштаат uv-зраците и ги рефлектираат или расејуваат. Тој е единствениот фотопротектор, одобрен за деца под 1 година од Американската агенција за лекови и храна.
Како хемиско соединение претставува прашкаста материја со бела боја, многу малку растворлива во вода.
Имено заради тоа производите, во чиј што состав влегува, се тврди, тешко се нанасуваат, валкааат, ги запушуваат порите или се во форма на пудри.
Во дерматолошката пракса се преферираат формите емулзија или млеко во форма на спреј – исклучително удобна како за лекарите, така и за пациентите. На тој начин се обезбедува рамномерно нанесување и не мора да се допира со прсти.
Иновативен пристап овозможува правење на цинк оксид (10%) во форма на емулзија и млеко. На македонскиот пазар тоа е серијата GinGira.
Произведена е во Холандија во согласност со највисоките барања на добрата производствена пракса. Таа е удобна за нанесување – не валка, не ја суши кожата и не ги запушува порите. Хипоалергична – без парабени, ароматизери и бои. Безбедна е при подолга употреба од деца и возрасни.