Добриот надворешен изглед на кожата е точно толку важен за самодовербата на секој од нас, колку и добро избраната облека, фризура, задржаната фигура и т.н. Често сепак не изненадуваат непријатни кожни проблеми како црвенило, брчки кои иритираат, дехидратација и др., од кои како што знаеме, страда нашата самодоверба. Ете зошто Ви предлагаме неколку лесни совети, кои што ќе Ви помогнат да го задржите нејзиниот добар надворешен изглед.
1. Откажете се од цигарите – тие имаат штетен ефект, како на кожата на мажите, така и на жените, бидејќи предизвикуваат нејзино предвремено стареење. Според дерматолозите, употребата на цигари води до појава на трајни брчки бидејќи предизвикува стеснување на крвните садови во најгорните кожни слоеви. Како последица на тој процес се намалува крвоснабдувањето, кожата не се снабдува доволно со кислород, витамини и хранливи материи. Освен тоа пушењето ги оштетува колагенските влакна и еластинските влакна во кожата, кои одговараат за мазноста и стегнатиот изглед на кожата.
2. Докажано е, дека зголеменото изложување на сонце без претходна заштита на кожата со производ за заштита од сонце, се зголемува ризикот од нејзино предвремено стареење. Затоа специјалистите апелираат за користење на производи, кои создаваат природен заштитен филтер од сончевите зраци, каква што е и ЏинЏира Алба спреј, која содржи цинк оксид.
3. Претерувањето со козметички производи може да предизвика разни кожни иритации, да ја оштети кожата, па затоа не треба да се злоупотребува нивната употреба.
4. Понекогаш, како последица на различни фактори, кожата може да се дехидратира, кое што води до загуба на сјајот и нејзината еластичност и покривање со мали лушпи. Тоа се случува како последица на: намален внес на вода; прекумерна употреба на пијалоци, кои содржат кофеин, кој буквално “ја впива” влагата од кожата; изложувањето на студено или премногу суво време.
5. За одржување на добриот изглед на кожата и заштита од различни видови недостатоци, специјалистите препорачуваат употреба на серијата производи ЏинЏира. Петте производи, кои ги содржи – ЏинЏира Алба спреј, ЏинЏира Алба Бебе спреј, ЏинЏира Актив, ЏинЏира Цинк Пиритион и ЏинЏира Медикасол ги држат настрана од Вас кожните проблеми како последица на сончевите зраци, сувата кожа и др. Тие се целосно безбедни и хипоалергични, како за деца, така и за возрасни, бидејќи не содржат конзерванси, бои и ароматизери. Имаат исклучително лесно и удобно нанесување, бидејќи се наоѓаат во вид на спреј лесен за нанесување.
Имаат клинички и научно докажана ефикасност на активните состојки и се безбедни за подолга употреба.
Со производите од серијата ЏинЏира, сонот за убава кожа веќе е целосно достапен!