Студениот воздух и ниските температури преку зимата се едни од факторите, кои предизвикуваат сушење на кожата на рацете. Заедно со нив, честото миење на рацете со агресивни сапуни, перењето на рака, пливањето во премногу хлорирани базени го намалуваат количеството на влага во кожата.
Сувата кожа е повеќе подложна на штетното влијание од страна на надворешните фактори, и затоа е препорачливо таа да биде хидрирана преку нанесување на производи, кои содржат хидратанти и емолиенти, кои ја задржуваат влагата во неа.
Таков производ е ЏинЏира Цинк Пиритион. ЏинЏира Цинк Пиритион е специјална спреј – емулзија. Содржи цинк пиритион, хидратанти и емолиенти.
ЏинЏира Цинк Пиритион e високо ефикасен при сува и груба кожа на рацете и телото.
ЏинЏира Цинк Пиритион ја смирува, ја навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата.
Хидратантите и емолиентите во составот на ЏинЏира Цинк Пиритион ја имитираат водено-липидната бариера на кожата и дејствуваат како природен навлажнувачки фактор.
Емолиентите ја спречуваат загубата на вода, ја омекнуваат и ја смируваат кожата. Двете компоненти взаемно се надополнуваат и го потенцираат ефектот на активната состојка.
Пред употреба флаконот треба да се промеша и зафатениот дел на кожата да се напрска со рамномерен тенок слој. Ако е неопходно, ЏинЏира Цинк Пиритион се втрива во кожата. Се користи до 6 пати дневно.