Сите го сакаме сонцето. Тоа ни влијае на расположението, виталноста, работоспособноста. Но, подолгото изложување крие сериозни ризици. За профилакса и заштита од последиците од изложувањето на сонце треба да користиме средства за заштита од сонце – кремови, емулзии, гелови.
Секој производ за заштита од сонце се карактеризира со фактор за заштита од сонце (SPF – sun protection factor). Тоа е број, кој ја покажува способноста на производот да ги забави изгорениците од сонце на незаштитената кожа. На пример ако вашата незаштитена кожа изгори за 10 минути, со производ фактор 30 може да стоите на сонцето околу 300 минути без да изгорите, и да добиете постепено рамномерен тен.
Во составот на тие производи влегуваат физички uv-екрани, хемиски uv-абсорбери и антиоксиданси.
Физичките uv-екрани се материи, кои не ги пропуштаат uv-зраците и ги рефлектираат или расејуваат. Тоа се цинк оксид (ZnO), титаниум оксид, талк и силикати.
Хемиските uv-абсорбери ја заштитуваат кожата така што ги абсорбираат uv-зраците.
Антиоксидансите ги фаќаат и ги неутрализираат слободните радикали – основните причинители за стареењето на кожата. Основните антиоксиданси кои се користат во производите за заштита од сонце се витамин А, Е и С.
Природни производи од растително и животинско потекло имаат добро фото заштитно дејство. Во uv-абсорберите припаѓаат сусамовото и авокадовото масло. Восокот од здравец и екстрактот од невен исто се со одлични фото заштитни својства.
Кокосот и плодовите од папаја значително го намалуваат ризикот од рак на кожата после сончеви изгореници.
Кај веќе изгорена кожа, за смирување и заштита се препорачуваат екстракти од липа, рузмарин, кора од портокал. Во тие екстракти се содржат хемиски соединенија со антиоксидансна активност, преку кој се активира процесот на образување на меланин во кожата. На тој начин се зголемуваат природните заштитни сили на организмот кон uv-зраците.
Еве неколку совети за здрава и еластична кожа:
- Не се изложувајте на сонце без производ за заштита од сонце, капа и наочари
- Не користете стари производи за заштита од сонце, зошто uv-абсорберите ја загубиле својата ефикасност.
- При изгореници од сонце намачкајте ја кожата со напивка од камилица, лавандула или жолт кантарион
- Примајте широкоспектарен антиоксиданс – дејствуваат благопријатно на регенерирањето на кожата.