Неколку месеци бебињата живеат во стерилната и удобна мајчина утроба, заштитени од сите неповолни влијанија на надворешната средина. После раѓањето ги напаѓаат најразлични надразнувачи и кожата на бебињата е првата бариера, која треба да ги запре. Токму поради оваа причина, бебешката кожа често страда со различни манифестации и симптоми. Еве кои се најчестите:
- иритации, предизвикани од памперсите и пелените – иако се направени од добро проучени и ненадразнувачки материјали за детската кожа, денешните памперси и пелени се повеќе олеснување, отколку помагало од корист за мајките. Се заштедува на чести перења на облека и ќебиња, но сепак меката и ранлива бебешка кожа често се вцрвенува и дразни во зоните каде има допир со повивните ткаенини. Редовната смена е соодветно решение, но добрата козметичка грижа е поважна.
- иритации и реакции, предизвикани од загревање на бебето – младата бебешка кожа нема целосно развиени потни жлезди и при затоплувањето на бебето и зголемување на температурата, дел од влагата, наменета за исфрлање од организмот, се задржува во кожата. Тоа предизвикува појава на пупки и како последица на тоа се јавува кора на нив, по различни делови на бебешкото тело, најчесто по должината на вратот, задникот, околу пазувите. За избегнување на слични состојби примарна важност има облеката, во која го облекувате бебето – добро е да се од природни материјали. Изборот на тестирани козметички производи за деца исто така е важен.
- појава на корички на кожата – често и главно по скалпот на бебињата се одделува лушпеста кора, производ на сеуште небалансираната масна секреција на бебешката кожа. Тие се одделуваат лесно и не оставаат белези.
- сува кожа – наскоро по раѓањето, површината на кожата на многу бебиња се суши и започнува да се лупи на различни места по телото. Тоа е природна реакција кон променетата надворешна средина и лесно може да се влијае од нежните детски масти.
- појава на црвени делови и модринки на кожата околу колената на бебето – особено ако некој од родителите има кожа подложна на иритации, бебето лесно може да наследи слична склоност. Нарушувања во водено-липидната бариера на кожата е најверојатната причина за појавата на такви реакции.
Стресот од средбата со светот на возрасните се манифестира видливо на кожата на новороденчињата и таа реагира со различни одговори на одделните надразнувачи. За сите овие манифестирани проблеми, фирмата Борола ви предлага докажано решение, кое што бебињата со радост би го барале, доколку можеа да се изразат. Со ЏинЏира Алба Бебе кожата на малите ќе биде секогаш во добра форма, со здрав изглед и нормална водено-липидна структура.