Не е тајна, дека сите, независно дали зборуваме за мажи или жени, сакаме да изгледаме убави и привлечни во очите на претставниците на другиот пол. Кога зборуваме за надворешен изглед, освен убавата фигура, за тоа допринесува изгледот и состојбата на нашата коса. А таа е убава, кога е здрава, мека, сјајна и не на последно место, кога не е покриена со досадните бели лушпи или со други зборови – првут. За нејзино одржување, многу од нас не штедат средства за скапи шампони, маски, балсами, спрејови…списокот е долг. Но малку од нас се сомневаат, дека цврстината, а од таму и надворешниот изглед на косата, како и отсуството на првут зависи од состојбата на скалпот.
Ете зошто грижата за неа е од огромно значење, ако сакаме да се восхитуваат од надворешниот изглед на нашата коса. А како што веќе спомнавме – првутот е еден од факторите која ја загрозуваат и со кој треба да се справиме.
Каква е светската статистика, поврзана со луѓето кои страдаат од првут? Проучување од цел свет, вклучувајќи претставници и на двата пола на возраст до 30 г. покажуваат, дека првут имале околу 78% од нив. Кога скалпот е засегнат од првут и чешање, тогаш се наметнува потреба од специјални грижи, какви обичните шампони, балсами, маски, масла и др. за жал не можат да ни обезбедат.
Според специјалисти една од основните причини за појава на првут е сушењето на скалпот. За да го помогнеме неговото навлажнување неопходно е да користиме специјални производи, кои што содржат емолиенти и хидратанти, кои имаат точно таква функција. Друго барање, што го определува значењето за ефикасноста на производот кај првут е тој да обезбедува продолжен контакт со скалпот, но без да го мрси.
Кој производ е најефикасното решение при првут?
Американската асоцијација за администрирање на храна и лекови ја одобрила употребата на производи на основата на цинк пиритион – безбедна состојка, која го спречува појавувањето на причинителот на првутот.
Специјалната спреј-емулзија ЏинЏира Цинк Пиритион ја содржи точно таа состојка, во комбинација со висококвалитетни хидратанти и емолиенти. Благодарение на цинк пиритион, производот се одликува со силно изразено дејство против првутот. Благодарение на содржаните во него хидратанти и емолиенти, ЏинЏира Цинк Пиритион ефикасно ја навлажнува кожата, без да ја валка, мрси или суши.
Друга одлична предност на ЏинЏира Цинк Пиритион пред обичните шампони е, дека тој обезбедува долготраен контакт со скалпот – може да биде нанесен вечерта и да се измие утрото. Лесна примена – само со прскање.
ЏинЏира Цинк Пиритион Ви осигурува убава коса, заштитена од досадниот првут, по која сите се вртат.