Насекаде околу нас има микроорганизми – бактерии, мувли, квасци, габи и др. Тие непрекинато бараат погодна средина за размножување и развој. Човечкиот организам е идеален за таа цел. Исто како и козметичките производи…
Конзервансите се користат во козметиката како компоненти, кои ја обезбедуваат неопходната заштита на производите против микроорганизмите.
Секој козметички производ содржи доволно количество компоненти, кои се добра хранлива средина за голем број патогени микроорганизми и ако не се гарантира микробиолошка заштита, стабилноста на производот се нарушува многу брзо.
Микробиолошката заштита на козметичките производи се води во две насоки:
- Физичка заштита
- Хемиска заштита
Физичката заштита вклучува користење на погодни физички агенси – микробиолошко филтрирање, температурно влијание и др.
Хемиска заштита – за таа цел се користат т.н. хемиски конзерванси. Тоа се бактерицидни или бактериостатски супстанции во однос на патогената микрофлора.
Услови за конзервансите:
- Да се кожно резистентни
- Да се ефикасни во што е можно пониски концентрации
- Да се евтини
- Да не влијаат на стабилноста и мирисот на производот
Одделни компоненти на козметичките препарати исто можат да имаат влијание на дејството на конзервансот.
Денес се познати повеќе од 250 конзерванси. Едни од најчесто користените се парабените, формалдехид конзрванси, пропиленгликол, бензоева киселина, и др.
Зошто да ги избегнуваме конзервансите?
Иако нема доволни податоци, парабените се поврзуваат со иритации на кожата, ендокрини пореметувања, невротоксичност и др.
Формалдехид конзервансите се поврзуваат со ендокрини пореметувања, алергии, и др. Европската унија наметна ограничувања на нивната употреба, па производи кои ги содржат тие конзерванси треба да имаат ознака „содржи формалдехид“ на етикетата.
И, сепак – може ли да има козметички производ без конзерванси? Одговорот е – ДА!
Има редица хемиски соединенија, кои се применуваат во козметиката со сопствено антимикробно дејство, кое што го обезбедува и додавањето на конзерванси.
Како замена на конзервансите се користат т.н. природни конзерванси, кои исто така штитат од развој на бактерии во производите. Такви се екстрактот од грејпфрут, оригано, мајчина душица и др. Бидејќи се екстракти од растенија се целосно безбедни.
Убаво е да избираме производи со дозатор или во форма на спреј. На тој начин тие не можат да бидат загадени со бактерии преку прстите, како кај тие кои се во тегли или пластични кутии. Во таков вид пакување производот нема контакт со воздухот, што не дозволува развој и размножување на бактерии.
Непроѕирните пак флакони од друга страна ги штитат од светлината и UV-зраците.
Такви се производите од серијата GinGira. Сите производи се во непроѕирни пакувања и во форма на спреј.