Сувата и груба кожа на петите е досаден проблем, кој ги измачува жените особено кога се наближува летото и тие сакаат да носат сандали.
На што се должи тоа?
Вообичаено виновни се факторите од околната средина. Преку зимската сезона кожата се суши повеќе од вообичаено и тоа е причина за нејзиното напукнување и задебелување во долниот заден дел на стапалата. Преку летото, факторите, кои ја сушат кожата на петите се силното сонце и сувиот воздух. Дополнително, кога одиме боси и ногата е во непосреден контакт со подот се создава триење, кое го зголемува дехидратирањето и кожата станува погруба. Бидејќи кожата на стапалата е погуста од секој друг дел на телото, навлажнувањето станува потешко. Во најлош случај кожата добива жолтеникава или црвена боја, освен тоа што видливо се задебелува.
Ефикасен начин за справување со сувата и груба кожа на петите е нејзиното хидратирање. Соодветен производ за таа цел е ЏинЏира Цинк Пиритион – специјална спреј – емулзија. Содржи цинк пиритион, хидратанти и емолиенти. ЏинЏира Цинк Пиритион ја смирува, навлажнува, ја омекнува и ја подобрува еластичноста на кожата.
Хидратантите и емолиентите во составот на ЏинЏира Цинк Пиритион ја имитираат водено-липидната бариера на кожата и дејствуваат како природен навлажнувачки фактор.
Емолиентите ја спречуваат загубата на вода, ја омекнуваат и ја смируваат кожата. Двете компоненти взаемно се надополнуваат и го потенцираат ефектот на активната состојка.
Пред употреба флаконот треба да се промеша и кожата на петите да се напрска со рамномерен тенок слој. Ако е неопходно, козметичкиот производ се втрива во кожата. Може да се користи до 6 пати дневно. Може да се користи подолго време. Не содржи конзерванси, бои и ароматизери. Нема несакани ефекти.