Сувата кожа на лактите е честа појава, која е двојно понепријатна преку летниот период, кога тој дел од рацете е откриен и видлив за сите. Бидејќи ни претстои летниот период важно е да се ослободиме навремено од тој проблем. Можеби се чудите на што се должи таа кожна состојба и како да го надминете?
Постојат неколку основни причини за појава на сува кожа на лактите. Еве ги и нив:
- медицински состојби како хормонален дисбаланс за време на бременост и менопауза.
- дијабетот е состојба, при која поради промените во гликозните нивоа предизвикува дехидратација на организмот, која може да доведе до сушење на кожата, вклучувајќи ја и таа на лактите
- намален внес на витамини, од кои директно зависи производството на природни масти. Такви се витамин А, железо и рибофлавин.
- несакани ефекти, поврзани со употребата на лекови
- намалено навлажнување на кожата
- инфекции, причинети од габички
- носење на облека од материјали, кои ја дразнат кожата
- други состојби, кои можат да предизвикаат сува кожа на лактите можат да бидат гастроинтестинални нарушувања како на пример дијареа; Псоријазата е друга причина за сушењето и “лупењето” на лактите
- сушењето на лактите може да биде предизвикано и од состојба, позната како ихтиоза (заболување, стекнато со наследство, на што се должи сувата кожа и кожа што се лупи како резултат на нарушена кератинизација), како и на егзема
- сувиот воздух во затворените простории преку зимскиот период исто е возможно да доведе до сушење на кожата на лактите
Решението при сува кожа на лактите е зголемувањето на нејзината влажност и нејзиното ефикасно хидратирање. Најефикасното средство за таа цел е производот од серијата ЏинЏира – ЏинЏира Цинк Пиритион.
ЏинЏира Цинк Пиритион помага брзо и ефикасно да се справите со проблематичната сува кожа на лактите, благодарение на активната состојка цинк пиритион, хидратанти и емолиенти, кои докажано и ефикасно ја спречуваат загубата на вода, ја навлажнуваат и го смируваат проблематичниот дел на кожата. ЏинЏира Цинк пиритион е 100% за кожата дури и ако го употребувате подолго време. Не содржи конзерванси, бои, парабени и ароматизери.